Вашиот волан, гнездо на бактерии и микроорганизми

25

Последните истражувања покажуваат дека во кабината на вашиот автомобил, особено оној кој нередовно се мие, чисти и дезинфицира одвнатре, се размножуваат 700 различни видови на бактерии.

Оваа бројка се зголемува ако сопственикот и патниците имаат незгодни навики во својот автомобил и да појадуваат, пијат сок или кафе… Секоја течност која ќе ви капне во внатрешноста на возилото е идеално место за размножување на бактерии и микроорганизми.

И сега… нешто што сигурно ќе ве вознемири.

Истражувањата покажуваат дека воланот на вашето возило е шест пати повалкан од вашиот мобилен телефон (кој инаку се смета за едно од највалканите парчиња животен стил.) Четири пати повалкан од даска на шолјата во јавен тоалет, и подеднакво контаминиран како копчињата во лифтот!

И сега што да направите околу тоа?

Логично… не можете целосно да се заштитите од микроорганизмите кои може да бидат многу опасни по вас и вашите сопатници. Но барем, обидете се.

Пробајте да се воздржите од конзумирање храна и пијалоци во автомобилот.

Задолжително чистете и дезинфицирање на воланот и внатрешноста на возилото. Фото – Freepik.

Чистете и дезинфицирајте ги рацете пред да го фатите воланот. Одвреме навреме поминете го него, менувачот, касетата, рачките на возилото со влажни марамчиња. Всисувајте или мијте ги патосниците. проветрувајте го автомобилот.

Ако имате посебно дезинфекциско средство – испрскајте ги издувите на климата и каналите за воздух, бидејќи ова е местото во вашот автомобил во кој најмногу се собираат и размножуваат штетните бактерии.

Ако немате, побарајте ваква услуга кај вашиот сервисер.