Уште една обука за Дијагностика на BOSCH

8

Во Скопје на 06ти и 7ми Јуни, 2023 година се одржа уште една обука на BOSCH за Дијагностика на ECU единици кај моторни возила.

Во организација на GBB Group, на тренингот учествуваа повеќе претставници на сервисни работилници од Македонија жедни за стекнување нови знаења и вештини.

На обуката која се спроведуваше два дена, кандидатите можеа да ги научат сите основни елементи на дијагностичките уреди KTS на BOSCH, како и да се запознаат со сите предности на онлајн софтверската поддршка EsiTronic.

Во двата тренинг дена беа одлично искомбинирани теоретскиот и практичниот дел, во кој студентите можеа да решаваат реани грешки на возила.

И оваа обука се одржа во Astra MS – Bosch Car Service, единствениот овластен Bosch Car Service во Македонија.

На крајот на обуката, беа поделени и дипломи за присуство на обуката од страна на BOSCH.