Уште една дијагностика на BOSCH продадена во Македонија

24

Премиум кампањата на BOSCH со која клиентите за 3,800 евра + ддв, можеа да го добијат уредот – KTS 590 (дијагностички уред со вграден осцилоскоп), заедно со 3 годишната претплата на софтверот Esi Tronic 2.0, пакетот – Master, донесе уште еден горд сопственик на најдобрата универзална дијагностика на светот.

Уредот доаѓа со комплетна опрема и кабли, како и сопствен заштитен и робусен куфер, а софтверскиот пакет на вашиот лап топ со блутут конекција ќе го инсталираат луѓето од ГББ.

Уредот доаѓа со фабричка гаранција и комплетна техничка поддршка од BOSCH, а клиентите може да си обезбедат и платен BOSCH тренинг за употреба, по специјална цена – во Скопје.

Новиот BOSCH KTS 590, замина во Струмица, во сервисот ТТ Аутомотив Хидротек.