TRW воведува плочки за кочење за електрични возила

20

TRW (дел од дивизијата ZF Aftermarket) ги промовираше своите – Electric Blue плочки за кочење (сопирање).

21 артикли, покриваат 97% од електричните возила на пазарот, а вметнати се и 30 артикли – кои ги покриваат хибридните автомобили во Европа.

Знак на распознавање – секако е сината боја на плочките, а овие плочки се обложени и со гумени аксесоари кои овозможуваат помала бучавост.

Кај ТRW Electric Blue, поради исклучителната прецизност се овозможува побрзо монтирање, а производителот им препорачува на сервисерите да им дадат на клиентите гаранција од 50.000 км.

Покрај помалата бучавост, намалени се и вибрациите, со што се овозможува помало загадување на животната средина.