Ако сакате да влезете во селектираната мрежа на Авто Експерти, што ќе ви отвори можност за нови клиенти и развој на бизнисот, закажете состанок со нашите експерти. Ќе ве посетиме, направиме проверка на вашите капацитети (објект, опрема, алат, кадар) и ќе ви го презентираме нашиот концепт.
салони”]
картички”]
Ако ги исполнувате условите, нашите колеги ќе ви понудат членски пакет за влез во мрежата. Пакетот BASIC во кој добивате профил на нашата мрежа – mreza.autoexperts.mk е бесплатен! За останатите пакети информирајте се на следниот линк.
Со членство во нашата Auto Experts мрежа, имате право да го користите нашето лого и назив со меѓународно име на : рекламни табли, пилони, знамиња, меморандуми, визит карти, работна облека. Ќе ви понудиме и целосни решенија за брендирање на вашиот објект. Дополнително, во соработка со странски партнери, ќе ви понудиме и специјално брендирање на модули во вашиот сервис. На тој начин ќе станете поатрактивни и повидливи за вашите клиенти.
Заедно со нашите партнери од земјата и странство ќе работиме на континуирано воведување на нови идеи, проекти и бизнис активности. Со нив ќе можете да создавате нови извори на приход и профит за вашиот бизнис.
Со членство во мрежата станувате дел од една голема организација во која ќе се организираат состаноци, презентации, обуки и дружења. Ова е одлична можност да се запознаете и размените знаења, искуства но и да воспоставите директна бизнис соработка. Искористете ја можноста.
Без оглед на тоа дали се работи за опрема (хардвер – дијагностички инструменти, дигалки, вулканизерска опрема, специјален алат) или софтвер (програми за водење сервис, аналитика, материјално книговодствени програми…) или пак се работи за обуки и тренинг (специјалистички, продажни, менаџерски..) во Auto Experts ќе имате најдобри можни услови на пазарот.
Со влез во мрежата добивате централно рекламирање на веб, социјални мрежи, радио, печатени материјали… Но ви нудиме и дополнителна поддршка преку нашите други медиуми, или со изработка на модерни решенија специјално за вас (креатива, изработка и водење веб страни и социјални мрежи…)
Ако имате сервис, станица за технички преглед или се занимавате со некоја друга дејност во авто бизнисот, а сакате да ве вклучиме во мрежата на Авто Експерти – јавете ни се. Со задоволство ќе ве посетиме и ќе ви ја презентираме нашата понуда.
- стандарден оглас
- основен профил на компанијата
- можност за промоции
- попуст со клуб картички
- ограничена поддршка
[/stm_pricing_plan][stm_spacing lg_spacing=”0″ md_spacing=”0″ sm_spacing=”0″ xs_spacing=”72″]
- препорачан (рекламиран) оглас
- повремена објава на страничен банер
- објава на промоции и купони
- можност за продажба на клуб картички
- попуст со клуб картички
- поголема видливост на сајтот
- објави на социјални мрежи
- објави во Newsletter
[/stm_pricing_plan][stm_spacing lg_spacing=”0″ md_spacing=”0″ sm_spacing=”0″ xs_spacing=”30″]
- партнерски статус во мрежата на Auto Experts
- брендирање и користење на логото
- поддршка, тренинзи, семинари
- огласи во повеќе категории
- детален профил на компанијата
- препорачани (рекламирани) огласи
- повремена објава на страничен банер
- промоции, попусти, купони, PR објави
- објава на настани
- објави во Newsletter
- објави на социјални мрежи
- веб банер на www.tempo.mk
- PR објави на www.tempo.mk
[/stm_pricing_plan]
Ако сакате поинаква, специјално за вас подготвена понуда (краткорочно спонзорирање на вашиот оглас, објава на настан, објава на купони за попусти, спонзорство или покровителство на проектот или слично) – ви стоиме на комплетно располагање.
Јавете се на нашите телефонски броеви, или пратате ни e-mail.
Со задоволство ќе ве посетиме и презентираме нашите правила, принципи и понуда.
Ако ги задоволувате основните критериуми ќе ви помогнеме да изберете еден од горенаведените пакети за членство, кои идеално одговараат на вашите потреби и можности.
Ве очекуваме :
Тел. 071 30 777 8
E-mail : info@gbb.mk