Србија започнува со производство на електрични автомобили

15

Српската Влада и автомобилската групација Stellantis, потпишале договор за заедничко вложување од 190 милиони евра, со кои ќе се развие оддел за производство на електрични автомобили.

Удделот на државата во овој проект изнесува 48 милиони евра, а производството ќе се врши во Крагујевац.

Според прес конференцијата на Српскиот претседател Вучиќ, производството ќе започне во 2024 година.

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) Serbia во својот погон во Србија најверојатно ќе ги произведува хибридната верзија на FIAT 500 L, или Panda SUV моделите.

Инаку, во компанијата Fiat Chrysler Automobiles (FCA) Serbia 33% од акциите поседува Владата на Р. Србија.