недела, октомври 2, 2022
spot_imgspot_img
домаАвто ЕкспертиСериозни предизвици пред независните сервисери

Сериозни предизвици пред независните сервисери

Независните мулти бренд сервиси се подолг временски период под силна пресија, која се чини дека нема бргу да се намали. Напротив…

Континуирана криза

Најсериозен удар во последните неколку години, секако беше пандемијата. Новиот вирус кој го изненади човештвото, ги воведе на сцена целосните или ограничени карантини… Се намали мобилноста на луѓето, а со тоа директно се намали и користењето на возилата… Голем дел од вработените граѓани беа… а дел од нив и останаа своите работни задачи да ги извршуваат од дома, што повторно резултираше со помала мобилност, помалку возила во сервис.

Пандемијата создаде криза. Логистичка и производна криза, криза на ланецот на испораки, недостатоци, застој, повисоки цени на производството, транспортот. Како резултат на кризата, се намали бројот на продадени (нови и користени возила). А тоа повторно влијае на големината на возниот парк – и на бројот на возила во сервис.

И сега, со војната во Украина, дополнително се зголеми несигурноста кај граѓаните… Инфлацијата расте, цените на горивото, маслото, резервните делови, одат до плафон… а возачите се решаваат да ги направат само елементарнитте поправки на своите возила. Повторно е намалена нивната мобилност…

Нови технологии, системи

И во една таква ситуација, дополнителен проблем секако се и новите системи и технологија во поновите генерации на возила, за кои се неопходни специјални алати, тестери, софтвер, знаење…

За секоја интервенција ви е потребен тестер, скенер, специјален алат и опрема, база на податоци, знаење…

Работи кои се скапи (бараат сериозни инвестиции), а и ги нема (кога последен пат сте слушнале да се организира – тренинг или обука за независни сервисери)?

Нема ниту презентации, промоции…

Од друга страна, овластените увозници и сервисери на возила во земјата, не се расположени да ги споделуваат своите ресурси со независните сервисери, кои сеуште ги гледаат низ призмата на конкуренцијата, за која најчесто велат дека е нелојална.

И секако… да не заборавиме… Обучени и добри луѓе, механичари, електричари.. нема ниту за лек.

Решенија

Во еден таков амбиент, во кој нема универзална формула, решение за овие проблеми на независните сервиси (а кое нема допирни точки со ставање катанец на вратата) е креативноста.

Сервисите мора да ја потикнат и стимулираат својата и креативноста на своите вработени.

Континуирано да инвестираат во знаење, вештини, алатки – и да бараат нови извори на приходи.

Веќе немате комоција да работите само брзи сервиси… морате да воведете и нови дисциплини и услуги – кои ќе ви донесат повеќе пари за иден развој.

Морате да инвестирате во обуки. И специјалистички (во земјата и пред се во странство, во живо и онлајн), но и soft skills обуки (менаџмент, маркетинг, лидерство, тим билдинг)… обуки за зголемување на задоволството на вашите клиенти.

Обуки со кои вашите вработени ќе ги споите во една силна организација, подготвена да направи се за своите клиенти и за нивната лојалност.

Да… овие обуки и инвестиции ќе ве чинат… но замислете само како може да го препородат вашиот сервис и повеќекратно да ви ја вратат инвестицијата.

Барајте сериозни партнери со кои ќе се здружите. Ќе влезете во некои нови сериозни франшизни ланци. Кои ќе ви помогнат да се брендирате, добиете дополнителна вредност на пазарот и ќе ви дадат повеќе извори за приход.

Ќе ви понудат соработка, нови вештини, алатки и ќе ви донесат нови клиенти.

Дел од овие формули, ќе ви ги понудиме и ние…

Во магазинот, преку нашите фирми…

Затоа… следете не и станете дел од нашето семејство на Авто Експерти.

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

Генерален спонзор

spot_img

Најпопуларни содржини

Спонзор

spot_img

Спонзорирани содржини