Schaeffler со лагери и за електричните возила

Кај електричните возила, секое намалено триење значи дополнителна заштеда на енергија. А заштедената енергија, значи и повеќе километри со едно полнење. А токму, зголемениот систем на автономија, за производителите на електрични возила е најзначајниот дел на кој се посветува максималн внимание.

Затоа, експертите во одделенијата за истражување и развој, кај производителите на возила внимателно ги бараат сите лагери во возилото и се обидуваат да го намалат или оптимизираат триењето.

Во Schaeffler го препознаа значењето на овој детал и лансираа два нови продукти специјално наменети за електричните возила.

Отворен е и цел нов погон за Иновативни лагери, во рамки на Автомото дивизијата кој ќе работи на овој план.

Првата иновација го носи името – TriFinity : Иновативен систем со три реда лагери за максимална модуларност. По димензии овој систем не е поголем од стандардниот дво реден систем на лагери за тркала, но има поголем капацитет за абсорбирање на поголем товар од осовината. Само овој иновативен систем штеди 0,7 проценти од енергијата на електричното возило во кое е вграден

Вториот продукт е Лагерот со високи перформанси со центрифугален диск кој на електричните возила им дава поголема ефикасност и подолг животен век. Едоставен во својата конструкција овој продукт ветува 10 пати подолг век од стандардните лагери, а номиниран е и за Германската Награда за Иновации од 2022 година.

Имајќи предвид дека фокусот на авто индустријата веќе е сериозно свртен кон електричните автомобили, се чини дека и овој потег на компанијата Schaeffler е направен во вистински момент.

Exit mobile version