Првата Партнерска конференција на LIQUI MOLY Македонија

61

На 04 Април, 2023 година, ексклузивниот увозник и дистрибутер на LIQUI MOLY за Македонија, ја одржа својата прва Партнерска Конференција, во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје.

“Нашата основна концепција за настанот беше – да ги поканиме и пречекаме нашите најдобри партнери (дилери, сервисери и крајни корисници) во луксузниот амбиент на хотелот Хилтон во Скопје и да им се заблагодариме од срце за нивната работа и ангажман во минатата, прва година од нашето заедничко работење на пазарот во Македонија.” – изјави Зоран Дочински, комерцијален директор во Ликви Моли Македонија.

Зоран Дочински, комерцијален директор на Ликви Моли Македонија

“А крајната цел ни беше, да им покажеме колку ни значат и да ги увериме уште еднаш дека преферирајќи ги производите на LIQUI MOLY го прават вистинскиот избор. За нивниот бизнис, но и за крајните клиенти на кои им нудат производи со премиум квалитет, со кои ќе ги исчистат, подмачкаат и трајно зачуваат своите возила.” – завршува Дочински.

Фотографија за паметење. Партнерската мрежа на Ликви Моли Македонија

На настанот присуствуваше и официјалниот претставник на LIQUI MOLY, регионалниот продажен менаџер Сабахудин Шерифовиќ, кој им се обрати на присутните во салата и во една компактна презентација уште еднаш им ја претстави и приближи историјата и филозофијата на брендот.

Излагање на претставникот на LIQUI MOLY, Сабахудин Шерифовиќ

“LIQUI MOLY е бренд во континуиран раст и развој. Со палета која постојано расте, проширува и се диверзифицира.

Во моментов, во нашата понуда имаме повеќе од 4.000 премиум продукти. Моторни масла, адитиви, сервисни препарати, сервисна опрема и козметика кои целосно ја покриваат грижата за моторните возила. Патнички автомобили, моторцикли, комерцијални возила, автобуси или градежна механизација. Се што се движи, може да го најде совршеното решение за чистење, подмачкување и нега во LIQUI MOLY.

LIQUI MOLY, бренд во континуиран раст

И тоа, во еден предизвикувачки момент, како што е овој во светот е клучно да се сфати.

LIQUI MOLY е многу повеќе од само моторно масло. LIQUI MOLY има се’ што му треба на возилото на нашите клиенти. А тоа создава одлични можности и за нашите комерцијални и сервисни партнери, да им ги обезбедат овие бенефити на своите клиенти, и притоа да остварат одлична заработка за себе и својот бизнис.

Практични совети до партнерите… Како да заработите пари со LIQUI MOLY

Токму затоа, на Балканот започнува една кампања, која ќе се спроведува и во Македонија, а која го носи работното име – Почувствувај jа разликата – веднаш.

И во неа, клиентите ќе може да го изберат својот пакет производи од LIQUI MOLY. А притоа, можноста за избор е голема. Од основниот – бронзен пакет во кој добиваат само моторно масло за своето возило, до Платинумскиот пакет во кој може да обезбедат – адитив за чистење на моторот одвнатре, моторно масло, адитив за чистење на дизните и системот за гориво и адитив за долгорочна керамичка заштита на моторот.

А токму со тој – Премиум, платинест пакет, се остварува целосна нега за возилото.

И оној што ќе го примени овој предлог – навистина ќе ја почувствува разликата – веднаш.”

Нова Балканска кампања – Почувствувај ја разликата веднаш!

Во вториот дел од презентацијата, Зоран Дочински, зборуваше за работата и остварувањата на Ликви Моли Македонија на пазарот.

Зборуваше за кратката историја на фирмата, успехот за само неколку месеци да се направи сериозна мрежа на 120 големопродажни клиенти (продавници, големопродажни партнери и сервиси) и да се изгради систем кој ќе овозможи максимална поддршка за партнерите во Македонија.

Нашите партнери. Наше богатство. Ликви Моли Македонија

Иако годината беше исклучително тешка, а цените постојано се зголемуваа како резултат на кризата и војната во Русија, успеавме 2022 година да ја затвориме согласно предвидувањата и со сериозен пораст во споредба со претходната година.

Во текот на годината, напорно работевме да ги поддржиме нашите клиенти.

Им помогнвме на неколку фирми да се избрендираат во боите и логото на LIQUI MOLY, што секако придонесува за нивната подобра видливост, полесна препознатливост и привлекување на нови клиенти.

Изградивме веб страна на македонски јазик (www.liqui-moly.mk), на која можете на мајчин јазик да се информирате за сите специфичности и карактеристики на нашите производи, како и да се информирате за сите акции, кампањи, вести и новости од брендот и од нашата фирма.

Претставници од повеќе компании во земјата, со внимание ги следеа презентациите на Партнерската средсба

На веб страната ќе го најдете и линкот до нашиот Oil Guide, феноменална алатка која ја користат и голем број на сервиси и дуќани кои воопшто не го користат маслото на LIQUI MOLY. Преку овој Oil Guide, со неколку едноставни инпута (производител, модел и тип на возило) можете да утврдите кое масло е идеално за вашето возило, со кои моторни спецификации и во која количина е потребно за вашето возило.

На тој начин, совршено едноставно можете да избегнете грешки, а на клиентите да им го обезбедите моторното масло, масло за менувач и диференцијал – кое идеално одговара на потребите и спецификациите на нивното возило.

Со речиси секојдневно постирање, се трудиме да ја држиме актуелна и нашата facebook страна, а од неодамна имаме и youtube канал на кој ќе постираме видеа со првод на македонски јазик (линк овде).

Спорт, забава, убавина…

“Иако LIQUI MOLY има огромна светска популарност, поради големите спонзорства на Formula 1, Moto GP, во ракомет (спонзор на Германската и Француска ракометна лига, Европските и светски ракометни првенства), кошарка (спонзор е на Chicago Bulls), фудбал, ски скокови, боб лизгање… Иако LIQUI MOLY ужива толку голема популарност во својата матична земја – Германија, каде 13 години по ред е избиран како Најдобар Бренд во својата класа од читателите на најпопуларните автомобилски списанија…. и ние сме активни на локален план.” – дополни Дочински.

На конференцијата присуствуваа партнери на Ликви Моли Македонија од целата држава

“Така на пример, минатата 2022 година – бевме спонзор на нашиот најуспешен тркач – Игор Стефановски Иџе, кој се натпреваруваше во Европскиот шампионат на ридски патеки, организиравме евенти, се рекламиравме на нашите домашни радио станици… на нашите партнери им организиравме одлични промотивни и продажни акции (гратис производи – адитиви, капчиња, маици… за 5 литарски пакувања… ). Правевме се’ што беше во наша моќ, да им помогнеме во нивниот пазарен настап.

Организиравме и неформално дружење во кое со дел од нашите најуспешни партнери, уживавме на едно незаборавно патување на Октобер Фест во Штутгарт.

Наградните настани и патувања за најдобрите соработници ќе продолжат и понатаму

И овој тренд и понатаму ќе продолжи…

И логично, врз база на таа соработка која ја градиме, а која излегува надвор од класичниот бизнис модел – на студени финансиски трансакции (издавање фактури и наплата), сакаме да створиме мрежа на бизнисмени но и пријатели, со кои заедно ќе бидеме фанови на брендот LIQUI MOLY и ќе им нудиме совршени решенија на нашите заеднички клиенти.

А тоа не носи и до нашите планови за понатамошен развој и пораст на прометот од најмалку 15% во 2023 година.

А дека овој план е реален и остварлив, зборува и трендот – на почетокот од тековната година, во која LIQUI MOLY Македонија има пораст од 32%, наспроти истиот период лани.

Награди и признанија за најуспешните

Дополнително, веќе се почнати неколку рекламни кампањи – на телевизија и радио, а се планираат и повеќе локални промоции, во кои со нашите партнери ќе организираме настани, евенти, случувања, тренинзи и презентации во нивното место на работење за нивните сервисни партнери и за крајните корисници.

Во план е и сериозен пораст на продажбата на моторните масла и адитиви во камионскиот сектор, за кој со LIQUI MOLY дизајнираме специјален пакет на премиум масло и адитиви, кој на флотните сопственици и оператори ќе им донесе сериозна долгорочна заштеда на пари – најпрво преку заштедата на гориво, а подоцна и преку долгорочната нега на возилата и превенирањето на поправки кои стануваат исклучително скапи.” – додаде Дочински.

Купувањето премиум масло и адитиви за превенција и заштита е инвестиција, не трошок

“Она што сите ние треба да им го доловиме на нашите клиенти. Луѓето кои во овие кризни времиња сериозно се намачиле да дојдат до автомобил, купен на ново или користен од странство, е дека вложувањето на дополнителни 300-400 денари во купување на премиум масло и адитиви за нега и превентива, не се непотребен трошок. Туку се сериозно вложување, со кое ќе ја одржат вредноста на своето возило и ќе се спасат од скапи поправки кои ќе ги чинат многу повеќе.” – заврши комерцијалниот директор на Ликви Моли Македонија.

По завршувањето на презентацијата, двајцата претставници на LIQUI MOLY Македонија, Зоран Дочински и Дејан Атанасовски, во придружба и на претставникот на LIQUI MOLY, г-дин Шерифовиќ. на своите најуспешни клиенти им доделија и пофалници и награди и испратија уште едно големо – Благодарам за успешна сработената 2022 година.

Игор Стеванов. Сопственик на фирмата Матадор 2002, најуспешен партнер на LIQUI MOLY Македонија за 2022 година