Презентација на напредниот BOSCH систем за калибрација

Новите возила стануваат се’ посложени и пософистицирани. Се вградуваат нови електронски системи за комфор, активна и пасивна безбедност на возилата, што ја зголемува безбедноста на патниците, но истовремено ја зголемува и сложеноста во одржувањето и сервисирањето.

Секој од овие системи бара одржување и сервисирање, а во случајот со предната камера, радар, системите за активна безбедност, системот за излегување на возилото од коловозната лента… неопходно е и калибрирање на овие системи.

А за калибрирање на софисицираните системи, потребна ви е специјална опрема.

И Германскиот лидер во оваа сфера BOSCH располага со посебен систем за калибрирање на системите за активна безбедност, а токму тој систем им беше презентиран на претставниците на неколку сервиси од Македонија, кои се заинтересирани да го стават уредот DAS 3000 во својата палета.

Презентацијата се одржа на 04.11.2022 година во тренинг центарот на BOSCH во Софија, каде нашите претставници, можеа одблизу да се запознаат со предностите на уредот, неговите спецификации, како и самите да учествуваат во практичната работа на калибрирање на сензорите, камерата и радарот.

Презентацијата се поклопува со специјалната акција на BOSCH во која клиентите со секоја набавка на уред DAS3000, добиваат и ГРАТИС дијагностички модул – BOSCH KTS560 со бесплатна едногодишна претплата на софтверскиот модул – Diagnostics, на Esi Tronic 2.0

За повеќе информации, слободно обратете се во ГББ дооел Скопје, овластен партнер на опремата BOSCH во Македонија на тел. 071 30 777 8

Exit mobile version