Очила за Виртуелна Реалност во колите на AUDI

18
Фото - Audi

Според официјалната информација до медиумите, ова лето, во автомобилите на германскиот премиум бренд AUDI стартува проектот – очила за виртуална реалност на задните седишта.

Во дел од гамата, како што се A4, A6, A8, Q5… патниците на задното седиште ќе добијат и очила за виртуелна реалност, чија цел е целосно да ја убијат монотонијата при патувањата. Видео игри, серии, филмови… се само дел од содржините кои ќе може да се следат преку мултимедијалниот систем.

Очилата, поврзани со медискиот систем во возилата на Audi, се засновани на технологијата Holoride, која ќе биде интерактивно врзана со движењето на автомобилот, што дополнително ќе го засили уживањето на патниците.

Така на пример, ако патникот, преку очилата игра некоја видео игра, на пример, управува со вселенски брод… како што забрзува автомобилот, ќе забрзува и вселенскиот брод што го управува.