Continental на сервисниот пазар му нуди нови три тестери, со кои ќе им се олесни работата и животот на сервисните работилници кои се занимаваат со замена и балансирање на пневматици (гуми).
Се работи за трите нови уреди – Autodiagnos Tire 100, Autodiagnos Tire 200 и Autodiagnos Tire 300.

Со овие уреди се покриваат најважните операции поврзани со гумите, сензорите за надгледување на притисокот, за патнички и комерцијални возила.
Покриена е речиси целата гама на возила кои циркулираат во Европа.
“-Најважните работи кај работилниците за гуми се – брзината, расположивоста на податоци и лесно користење” вели Филип Ковелј, Продукт менаџер во Continental.
“-Нашите уреди ви даваат брз пристап до клучните системски податоци, а благодарение на тачскринот се лесни за работа како смартфон.” – продолжува Ковелј. Нивната реакција е брза, а со уредите можете брзо да ги програмирате, активирате и активирате сеонзорите.
Autodiagnos Tire 100, Autodiagnos Tire 200 и Autodiagnos Tire 300 се идеални и за поставување на нов сет на гуми. Во уредите се реинтегрирани OBD II рутини за сетирање со што може да се додадат нови TPMS сензори во електронската контролна единица ECU на возилото, многу лесно и едноставно.
Сите уреди може да комуницираат преку Wi-Fi, а особено се истакнува нивната можност за континуирано апдејтирање на податоците онлајн.
Знаменосец во понудата
Водечки уред во палетата, секако е Autodiagnos Tire 300, уред кој ви нуди се што е потребно за менаџирање на сервисот со гуми.

Тој има голем 8 инчен екран чувствителен на допир, кој веднаш ги покажува сите податоци на ТPMS сензорите, како и податоци за вградените гуми.
Откако ќе се поврзе со возилото Autodiagnos 300 ги пренесува сите податоци на он борд електрониката на возилото.
Уредот е соодветен и за комерцијални возила, што станува особено важно, ако се земе предвид дека TPMS сензорите од Јули 2022 година стануваат задолжителни и на камиони и автобуси.
