Најдете експерти за вашето возило во Македонија

Во нашата земја, се појави уште еден, добро осмислен и професионален директориум во кој можете брзо, лесно и едноставно да ги најдете најдобрите Авто Експерти во ваша близина.

Во мрежата на авто експерти, ќе најдете се што му треба на Вашето возило :

  • сервис за одржување, дијагностика и поправка на возилото,
  • сервис за лимарски поправки и фарбање,
  • електричарски сервис,
  • вулканизери,
  • станици за технички преглед и регистрација,
  • осигурителни компании и брокери,
  • авто салони за нови и користени возила,
  • финансиски институции за набавка на возилата (банки и лизинг куќи),
  • продавници за резервни делови и опрема…

Внимателно селектирана мрежа

Притоа, во полнењето на базата на податоци, се прави внимателна селекција и се вметнуваат само оние фирми кои имаат капацитети (инфраструктура, опрема, кадар и знаења) и традиција (историја) на квалитетно и професионално работење.

Во мрежата на авто експерти, ќе може да најдете се за вашето возило во Скопје, но и во другите градови во Републиката.

На страните и профилите на Авто експертие ќе може да ги најдете основните податоци, контакти, мислења и коментари на корисниците, но и бројни акции, кампањи и промоции за заштеда на вашиот буџет.

Клуб картичка

Дополнително, Auto Experts, подготвува и Клуб картичка, со која ќе можете во селекција на избрани експерти во авто дејноста, да добивате попусти, бенефиции, подароци…

Повеќе за Клуб картичката на следниот линк.

А се планира и лансирање на посебен продукт со кој клиентите ќе може да добијат и помош на пат и влечење на возилото во случај на неволја.

За таа цел, клиентите ќе добијат и специјално посветен контакт центар во кој ќе може во секој момент да побараат помош.

Фото – Freepik

Вмрежување на експертите, подобрување на квалитетот

Креаторот на оваа мрежа, ветува и сериозна поддршка за континуирано подобрување на професионалноста и можностите на своите партнери (сервиси, салони, станици за технички преглед) преку најнова опрема, софтвер, технологија, обуки, маркетинг и други поддршки.

Фото – canstock

Се работи интензивно на подигнување на нивото на квалитетот и услугите, во сите овие авто бизниси, кои ќе го носат заштитното лого на Auto Experts.

А ова е сосема логично, ако се земе предвид дека мрежата е организирана од компанијата ГББ дооел Скопје, која е овластен партнер на Autodata, Autodata Training, Bosch, Wabco Wurth, OMCN, Ravaglioli…

До сите експерти во автомобилскиот бизнис во нашата земја, веќе е пратен отворениот повик да се зачленат во мрежата, при што основниот членски пакет е и секогаш ќе биде бесплатен. Повеќе информации на следниот линк.

Поддршка и за правни лица

Компанијата наведува дека Мрежата на Авто експерти ќе биде достапна за физичките, но и правните лица.

За компаниите се подготвува понуда и за целосен (full fleet) сервис, со кој фирмите ќе може делумно или целосно да го аусорсираат менаџментот на нивните возни паркови.

А тоа опфаќа – набавка на нови или користени возила (со или без финансирање), услуги за менаџирање и водење на возилата (сервис, одржување, гуми, технички преглед, осигурување и регистрација), помош на пат, влечење во случај на неподвижно возило, заменски и рент-а-кар возила… Притоа, комплетната услуга е предвидено да се обезбеди на територијата на целата држава.

За поефикасно следење на економичноста и состојбата на возните паркови, менаџерите ќе имаат можност да добиваат и бројни извештаи и корисни репорти.

Exit mobile version