LIQUI MOLY Спонзор на Игор Стефановски

8

LIQUI MOLY Македонија, непосредно пред почетокот oд новата сезона на Eвропскиот Шампионат во трки на ридски патеки (под закрила на FIA), гордо застана зад нашиот шампион и најпопуларниот професионален возач во Македонија – Игор Стефановски Иџе.

“-Горди сме на соработката и пријателството со нашиот врвен спортист Игор Стефановски Иџе, кој веќе во првите трки во Франција, Португалија, Шпанија и Чешка покажа дека е во врвна форма и дека во натпреварувањето ќе се бори за врвот.” – велат во LIQUI MOLY Македонија, новиот увозник и дистрибутер за нашата земја.

“- За LIQUI  MOLY, кој 12 години по ред е Најдобриот бренд на моторни масла и адитиви во Германија, во избор на читателите на најпопуларните авто магазини во оваа земја – Auto Bild, Auto Zeitung, Auto Motor und Sport… не постои подобар Амбасадор од Иџе. Тој е врвен спортист, со огромна упорност и перфекционизам во својата работа. Храбар, фокусиран и секогаш подготвен да се натпреварува и испорачува максимални перформанси со својот спортски автомобил. Вредности кои ги одразуваат карактерот и природата и на LIQUI MOLY.”

На нашиот шампион, Иџе, му посакуваме многу среќа,  храбри и безбедни трки… и се надеваме на нови триумфи, пехари и подиуми на кои гордо ќе се вее нашето знаме. А зошто да не и на нова титула за Македонија?