Интересот за рентирање автомобил на струја – минимален

3
Фото - Freepik

Според последните статистички податоци, процентот на клиенти кои онлајн го резервираат своето електрично рент-а-кар возило е минимален.

Како главна причина за ова се издвојуваат релативно повисоките цени на изнајмување на електричните автомобили (од конвенционалните) како и сеуште недоволно покриената мрежа на полначи во Европа.

Вкупниот процент на резервирани електрични возила во Европа, според букинг платформата Billiger-Mietwagen.de изнесува само 0,22 проценти.

Во последните 12 месеци биле резервирани само 2.500 автомобили, од кои дури 77% се резервирани во Шпанија, 10% во Франција, а само 2% во Германија.

Податоците од оваа статистичка анализа се помалку збунувачки, ако се земе предвид фактот дека рент-а-кар компаниите во последно време серозно се заинтересирани за автомобили на електричен погон, а производителите очекуваат сериозен дел од родажбата да се реализира токму преку овој канал од авто индустријата.