Гратис адитив за чистење на моторот од LIQUI MOLY

29

LIQUI MOLY Македонија, организира уште една промотивна акција за своите клиенти.

Со секоја набавена канта полусинтетичко или синтетичко моторно масло од 5 литри, добивате и ГРАТИС адитив за внатрешно чистење на моторот од талог, наслаги, гареж и нечистотии – Engine Flush Plus.

Овој адитив функционира многу едноставно.

Го додавате во резервоарот за моторно масло (додека во него сеуште е старото масло), ПРЕД замена, го оставате моторот да работи во место десетина минути, по што го испуштате старото моторно масло надвор од моторот.

На адитивот ова му е доволно време, за да се врзе со сите нечистотии во моторот и да ги исфрли надвор од него.

Со тоа, вашето ново масло можете да го додадете во идеално исчистен мотор одвнатре, што дополнително ќе му помогне да ги оствари идеалните перформанси.

Цената на адитивот кој во промо периодот го добивате ГРАТИС е 410 денари, што позитивно ќе се одрази на вашиот буџет.

Акцијата трае од 20.05.2022 до исцрпување на залихите.