Дијагностичките уреди на BOSCH се враќаат во Македонија

10

Дијагностичките уреди на BOSCH, неизоставен дел од опремата на секој сериозен мулти бренд сервис во Европа и светот, се враќаат на пазарот во Македонија.

GBB Group, новиот овластен увозник и дистрибутер на сервисната опрема на BOSCH во Македонија, во првата година од своето работење, превзема повеќе пионерски чекори со кои во сервисната фела, ги враќа на сцена дијагностичките уреди на овој премиум Германски бренд.

Официјални BOSCH Тренинзи во Скопје

Во Октомври, оваа година, се одржа првата oфицијална BOSCH обука во Скопје, во тренинг центарот на првиот Bosch Car Service – Astra MS во населбата Бутел, на која во два тренинг дена сертифицираниот европски тренер на пријавените кандидати им ги презентираше сите компаративни предности на уредите KTS и пред се’ на софтверскиот пакет ESi Tronic.

Присутните имаа можност да видат само мал (а толку голем) дел од можностите на дијагностиката на BOSCH.

Покрај стандардните активности на скенирање, барање и отстранување на грешки, беа презентирани и повеќето опции кои ги нуди софтверскиот пакет Esi Tronic (комплетно онлајн решение) – од богатата база на технички податоци за речиси сите возила на пазарот, сервисните интервали, до техничките булетини на производителите на возила, електричните шеми и дијаграми, постапките – чекор по чекор за решавање на проблемите…што дијагностиката на BOSCH ја прави идеален водич кој ќе ви помогне во сервисот да направите прецизна дијагностика, да ги решите проблемите “од прва” со што ќе заштедите многу време, енергија и нерви.

По завршување на обуката сите кандидати добија меѓународно признат сертификат за учество на BOSCH обука (уште една предност на одржаниот настан – како за сервисите кои номинираа кандидати, така и за збогатување на CV-то на дијагностичарите).

Обуката заврши одлично со најава за многу следни тренинзи и курсеви од овој тип во следната 2023 година.

Први испораки на KTS

Веднаш по обуката, се случија и првите порачки и испораки на дијагностичките уреди на BOSCH.

Прв во низата беше – Дизел Сервис Мичо, познат сервисер на дизни и горивни системи во Скопје, кој го порача уредот KTS 590 (дијагностички уред со манометар и осцилоскоп) заедно со софтверскиот онлајна пакет Esi Tronic 2.0 Advance + M.

Презентација на уредот DAS 3000

Водени од позитивната енергија на првиот тренинг во Скопје, партнерите од BOSCH заедно со локалните дистрибутери GBB Group, поканија дел од македонските сервисери на презентација на најновиот уред за калибрирање на напредните системи за безбедност и предната камера – DAS3000 во соседна Бугарија.

Презентацијата се одржа на 04.11.2022 година во тренинг центарот на BOSCH во Софија, каде нашите претставници, можеа одблизу да се запознаат со предностите на уредот, неговите спецификации, како и самите да учествуваат во практичната работа на калибрирање на сензорите, камерата и радарот.

Испораките продолжуваат

Покрај порачките за дијагностичките уреди, македонските сервиси ги процесираа своите први порачки на опрема BOSCH, па при крајот на декември со новиот уред за програмирање на сензори за мониторинг (контрола) на притисокот во гумите се поднови и ASTRA MS – Bosch car service.

Порачани се и други парчиња на сервисна опрема кои заради кризата со чипови во светски рамки се оддолжи за неколку недели и ќе настапи во почетокот на следната година.

Приказната на BOSCH продолжува и во следната година.

Се работи на подготовка на термини, обезбедување на неопходната опрема и координација со европските тренери за организирање на нови тренинзи во Скопје, со што се настојува да се затвори овој долгогодишен гап во индустријата – недостатокот на професионални тренинзи, поради што сериозните сервисери беа принудени на обуки да одат во странство и да издвојуваат многу посериозни суми и да дисперзираат многу повеќе време и енергија патувајќи во други земји.

GBB и понатаму ветува сериозна работа и инвестирање во техника, знаење, промоции со кои ќе им ја направи врвната опрема на BOSCH подостапна на нашите клиенти, а ќе биде и сериозен лост за промоција и развој на Bosch Car Service мрежата во Македонија.

GBB Group ќе биде сериозно активна да им асистира на сите сервисни партнери во државата да го подигнат квалитетот и успешноста на својата работа од технички, know how и маркетиншки аспект.

За повеќе информации и контакти во GBB посетете ја веб страната на следниот линк.

.