недела, октомври 2, 2022
spot_imgspot_img
домаСалонЦените на новите возила се зголемилe речиси двојно

Цените на новите возила се зголемилe речиси двојно

Според истражувањето на Moneybarn, во период од само 10 години (од 2011 до 2021 година), цените на новите возила бележат огромен пораст.

Овој феномен, тие го крстиле Carflation (слободен превод – автоинфлација).

Според истиот извор, просечната цена на новите автомобили која во 2011 година изнесувала – 32.534 eвра, сега е 45.345 евра! Што претставува пораст од неверојатни 39%!

Притоа, логично, некои модели бележат поголем, други помал раст во цените, но трендот е секаде ист.

Слична сторија следи и Британскиот Autocar, кој ги споредува цените на неколку модели.

Кај дел од нив е забележано зголемување на референтните модели за повеќе од 100%!

Така на пример Peugeot 2008, oд 20.200 eвра на Британскиот пазар бележи пораст до 43.850 евра. Да… промени, развој, унапредување и редизајни на моделот се направени, но дали удвојувањето на цената е реална рефексија на новопонуденото возило?

Ништо поразлично не е и на нашиот пазар.

Се сеќавате ли кога Opel Astra Classic 3, чинеше 9.990 евра? Сега, Opel-овиот модел од компактната класа во основната верзија (Edition) стартува со цена од 19.890 евра.

Новото Clio, од 9.000 евра, на нашиот пазар, денес почнува од 13.590 евра!

И… дополнително… се чини дека овој тренд, засилен со пандемијата, недостатокот на компоненти, разнишаниот дистрибутивен ланец… тешко дека ќе се смири набргу.

Во такви околности, многу е логично што клиентите се вртат кон пазарот на половни возила, каде сеуште, од сигурни добавувачи можете да најдете добро одржани и сервисирани возила, за сериозно подобри цени и услови.

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

Генерален спонзор

spot_img

Најпопуларни содржини

Спонзор

spot_img

Спонзорирани содржини