Continental најавува тешка година

11
Николаи Сецер, Фото - Continental

Генералниот директор (CEO) на автомобилскиот гигант Continental, Nikolai Setzer, во своето излагање ги подготви своите сопственици, акционери и клиенти на тешката 2022 година која е пред нив.

Како што изјави Сецер, кризата и војната во Украина донесоа нови, непредвидени проблеми за авто индустријата и за неговата компанија воопшто.

Покачени се цените на транспортот и логистиката, особено на оние компоненти кои доаѓаат од Азија која неодамна воведе нови рестрикции и карантини. А голем е удделот и на Рускиот прирооден гас во енергетскиот микс на компанијата.

Да не заборавиме и дека контролорите пронајдоа докази дека и Continental учествувал во аферата Дизелгејт, во која во автомобилите на VW Group, биле вградувани системи кои го лажираа резултатите од реалната емисија на штетни гасови. А тоа веројатно ќе резултира со сериозни финансиски пенали кои ќе мора да бидат издвоени, резервирани и платени.

Комбинацијата на овие неповолни фактори, сигурно ќе влијае на трошоците на производство, што веројатно делумно или целосно ќе се пренесе и на цените на производите кои ги плаќаат клиентите (производители на возила, дистрибутери, дилери…

Во вакви услови, сепак продолжува стратегијата преку која трите автомобилски сектори на Continental – Automotive, Tires и ContiTech треба да се консолидираат под еден кров.