Брзо и лесно до најдоброто масло за вашето возило

28
Фото - Freepik

Моторното масло повеќе не е само течност за подмачкување, кај кое треба само да ја изберете вискозноста за вашето возило (5W-40, 10W-40…)

На моторното масло треба да му се посвети идентично внимание како и во ситуацијата кога барате и бирате резервен дел за вашето возило. Дел кој идеално ќе одговара на вашиот мотор или автомобил.

Притоа, воопшто не е лесно да се снајдете во мноштвото спецификации, апровали (одобрувања) и брендови на масло.

Токму затоа, Германскиот производител LIQUI MOLY, на својата веб страна постави модул наречен – Oil Guide (водич за избор на масло), кој е еден од најпопуларните делови од веб страната, посетуван од повеќе од 5.000 корисници дневно.

Модулот Oil Guide, поставен на веб страната, можете да го симнете бесплатно и како апликација за мобилни телефони (за iOS и Android).

Едноставен и лесен за користење, модулот може да го користат сите, од професионални сервисери до возачи.

Со само неколку клика во кои ќе го изберете – производителот на возило, моделот, годината и типот на моторот, веднаш добивате неколку продукти од гамата на LIQUI MOLY кои одговараат на вашиот мотор.

Ова е многу важно, бидејќи ако изберете несоодветно масло за вашето возило, можете да предизвиката зголемено абење (трошење) на моторните компоненти, моторни проблеми од различен тип па и целосно уништување на моторот.

Покрај соодветното моторно масло, овој модул на страната на LIQUI MOLY, ќе ви ги излиста и соодветните масла за менувач, антифриз, масла за серво воланот, диференцијалот….

Модулот има податоци од околу 80.000 возила. Датабаза која постојано се унапредува и освежува.

Ако сакате да видите кое масло од LIQUI MOLY, со која количина идеално одговара за вашето возило, посетете го следниот линк.